Skip to main content

project culture tourism logo 448Проект CB006.2.23.044 

ТУРИЗАМ КОЈ ПРИДОНЕСУВА ЗА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО
ВО ПРЕКУГРАНИЧНИОТ РЕГИОН БУГАРИЈА-МАКЕДОНИЈА

banner ct bg mk

Прекуграничен информационен и дискусионен форум на 10 и 11 септември ќе се одржи во Куманово

 

“A CULTURE HERITAGE-FRIENDLY TOURISM IN CROSS-BORDER REGION BULGARIA – MACEDONIA” Ref: CB006.2.23.044

Проект: ТУРИЗАМ КОЈ ПРИДОНЕСУВА ЗА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО ПРЕКУГРАНИЧНИОТ РЕГИОН БУГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА (CB006.2.23.044)

Interreg – IPA CBC Bulgaria – the former Yugoslav Republic of Macedonia Programme 2014 – 2020 with CCI Number 2014TC16I5CB006

Договор бр.: PD-02-29-165 / 12.07.2019 година

Оддржување на Прекуграничен информационен и дискусионен форум
на 10 и 11 септември 2020 год. во Куманово на тема
“Culture heritage-friendly tourism in the CB area – challenges and opportunities“
во рамки на ЕУ проектот CB006.2.23.044

Фондација за развој на мали и средни претпријатија е во фаза на имплементација на ЕУ проект (меѓуграничен проект) со договор бр. PD-02-29-165 (12.07.2019 – 12.10.2020 год.) и име на проектот “ТУРИЗАМ КОЈ ПРИДОНЕСУВА ЗА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО ПРЕКУГРАНИЧНИОТ РЕГИОН БУГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА” (No CB006.2.23.044) – “A CULTURE HERITAGE-FRIENDLY TOURISM IN CROSS-BORDER REGION BULGARIA – MACEDONIA”, финансиран од програмата Interreg – IPA CBC Bulgaria – the former Yugoslav Republic of Macedonia Programme 2014 – 2020 with CCI Number 2014TC16I5CB006.
Проектот се имплементира од страна на Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово во партнерство со Трговската комора на Ќустендил.
Целта на проектот е да се унапреди соработката меѓу регионалните актери во областа на оддржливиот туризам во прекуграничниот регион на Североисточниот дел од Р. Северна Македонија (6 општини) и областа Ќустендил од Р. Бугарија (9 општини).

Во рамки на проектот на ден 10 септември 2020 година (четврток) во Куманово (ресторан Грација, нас Карпош, град Куманово) со почеток од 9,30 часот ќе започне дводневниот прекуграничен информационен и дискусионен форум на тема “Туризам кој претставува културно наследство во прекуграничниот регион (Македонија – Бугарија) – предизвици и можности“.
Форумот ќе трае два дена, поточно на 10 и 11 септември 2020 година.
Меѓуграничниот форум ќе се фокусира на развојот и потенцијалите на културното наследство во прекуграничниот регион.
Воедно настанот ќе овозможи инволвирање на претставници на целните групи и други стеикхолдери (засегнати страни кои работат во делот на развој на туризам и културното наследство или ги тангира оваа проблематика) во имплементација на стратегијата и комуникацискиот план изработени во рамки на проектот.
Настанот ќе биде дел од кампања за размена на искуства и знаења помеѓу претставниците на организации / институции кои ги спроведуваат своите активности во сферата на развој на туристичката индустрија и оние кои работат на зачувување и оддржливо користење на културното наследство во прекуграничниот регион, со цел да добијат нивно активно учество во процес на оддржливо користење и промоција на уникатното културно наследство и туристичките потенцијали во заедничкиот регион.
Преку организација на заеднички настани и иницијативи во рамки на дводневниот меѓуграничен форум ќе се насочиме кон подобрување на информираноста и знаењата на локалните и регионалните туристички и културни заедници.
Тоа ќе допринесе кон размена на зајакнато искуство и знаење помеѓу туристичките оператори, културните институции и локалните и регионалните власти од прекуграничниот регион за активности од областа на развој на туризмот и културното наследство.

На настанот се очекува да присуствуваат 25 учесници од македонска страна, додека 15-те учесници од бугарска страна ќе бидат поврзани преку директна видео конференциска врска што ќе овозможи постојано да се гледаат учесниците од двете страни (двете земји), учесници на форумот.
Поради состојбата со пандемијата COVID 19, форумот ќе го држиме со физичко присаство само на македонските учесници (запазени сите потребни протоколи за COVID 19 пропишани од страна на Министерство за здравство на Р. Северна Македонија), додека учесниците од Р. Бугарија ќе бидат присатни on- line преку видео конференциска врска.

На меѓуграничниот форум очекуваме да се пријават и да бидат присатни претставници од релеванти институции кои ги тангира развојот и промоцијата на туризмот и културното наследство во регионот, организации кои работат на оваа поле, невладини организации, менаџери на тур оператори / туристички агенции, претставници од институции за култура, претстваници од хотели и ресторани, претставници од Музеи, плански региони, комори, мали и средни претпријатија, занаетчии, претставници од општини и други засегнати страни.

Доколку сте заинтересирани за учество на меѓуграничниот форум во Куманово (10 и 11 септември 2020 година), Ве молиме да се пријавите што поскоро на следниве е-маили: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. се со цел да Ви испратиме официјална покана со агенда за настанот. Пријавата за форумот може да ја направите и на тел: ++389 78 300 605.
Учество на меѓуграничниот форум е бесплатно.

Ви даваме линк од веб страницата на проектот на која може подетално да се информирате за досегашните активности на проектот “Туризам кој придонесува културното наследство во прекуграничниот регион Бугарија – Македонија“.

Страницата може да ја најдете на следниот линк: https://radiobum.com.mk/forum/.bum s