Skip to main content

project culture tourism logo 448Проект CB006.2.23.044 

ТУРИЗЪМ, БЛАГОПРИЯТСТВАЩ КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО
В ТРАНСГРАНИЧЕН РЕГИОН БЪЛГАРИЯ-МАКЕДОНИЯ

banner ct bg mk

Успешно заврши прекуграничниот информационен и дискусионен форум во Куманово

 

 

УСПЕШНО ЗАВРШИ ПРЕКУГРАНИЧНИОТ ИНФОРМАЦИОНЕН И ДИСКУСИОНЕН ФОРУМ ВО КУМАНОВО
“Culture heritage-friendly tourism in the CB area – challenges and opportunities“
во рамки на ЕУ проектот CB006.2.23.044

Фондација за развој на мали и средни претпријатија во партнерство со Индустриско – трговската комора на Ќустендил во рамки на проектот “ТУРИЗАМ КОЈ ПРИДОНЕСУВА ЗА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО ПРЕКУГРАНИЧНИОТ РЕГИОН БУГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА” (No CB006.2.23.044) – “A CULTURE HERITAGE-FRIENDLY TOURISM IN CROSS-BORDER REGION BULGARIA – MACEDONIA”, успешно го завршија меѓуграничниот форум кој се оддржа во ресторан Грација, Куманово, на ден 10 и 11 септември 2020 година.

На меѓуграничниот форум кој траеше два дена учество земаа преку 50 учесници од македонска и бугарска страна, поточно околу 35 учесници од македонска страна и 15-тина учесници од бугарска страна.
Имаше навистина голем интерес за присаство на овој прекуграничен форум.

Форумот даде акцент на развојот на туризмот и потенцијалите на културното наследство во прекуграничниот регион. Се презентираа интересни теми и дискусии во делот на развојот и зачувување на културното наследство во прекуграничниот регион на Бугарија и Македонија.

Инаку настанот беше проследен со квалитетна on – line видео конференциска врска каде учесниците од двете земји постојано се гледаа меѓусебно и дискутираа за сите интересни теми на форумот.
Воедно од страна на учесниците на форумот постојано беа следени сите презентации преку on – line врска. Форумот беше организиран на многу професионален начин.

 

Учество на форумот имаа претставници од североисточен регион и од ќустендилскиот регион кои работат во делот на развој на туризам и културното наследство.
Активно учество земаа претставници од општините од прекуграничниот регион, центри за развој на туризам, претставници од музеи и галерии, претставници од плански региони и комори, центри и фондации за развој на култура и спорт во регионот, туристички агенции, ресторани, хотели, претставници од Здружение на угостители, приватни фирми кои работат во развој на туризмот, претставници од регионалната занаетчиска комора и гости од Занаетчиска комора Скопје, невладини организации и други засегнати страни од сферата на туризмот и културното наследство.
Предавачите на настанот (дваица искусни тренери во областа на туризмот и културното наследство, Г-дин Јане Вртески и Г-ѓа Драгана Спасковска) заедно со модераторот на настанот (Д-р Самоил Малчески) цело време иницираа дискусии и размена на искуства и знаења помеѓу претставниците на организации / институции кои спроведуваат активности во сферата на развој на туристичката индустрија и оние кои работат на зачувување и оддржливо користење на културното наследство во прекуграничниот регион.
Се работеше со намера да се добие активно учество во процес на оддржливо користење и промоција на уникатното културно наследство и туристичките потенцијали во заедничкиот прекуграничен регион.
Меѓуграничниот форум максимално допринесе за подобрување на информираноста и знаењата на локалните и регионалните туристички и културни заедници, што пак од друга страна се фокусира на размена на искуство и знаење помеѓу туристичките оператори, културните институции и локалните и регионалните власти од прекуграничниот регион за активности од областа на развој на туризмот и културното наследство – истакна координаторот на проектот, Господинот Димитар Ташевски.

На форумот се презентираа промотивните видео спотови изработени во рамки на проектот и беа прикажани иновативните виртуелни тури на културно историските обележја.

Сето ова беше проследено со големо воодушевување и восхитување од страна на учесниците на форумот за сите овие изработени материјали и иновативни алатки кои во иднина ќе послужат за реална промоција на културното наследство во регионот и развојот на туризмот.

Форумот беше проследен со максимално запазување на сите потребни протоколи пропишани за пандемијата COVID 19 од страна на Министерство за здравство на Р. Северна Македонија.
Настанот се оддржа на отворено поради поголема сигурност на учесниците.

Проектот “Туризам кој придонесува културното наследство во прекуграничниот регион Бугарија – Македонија“ е финансиран од Европската Унија, Interreg – IPA CBC Bulgaria – the former Yugoslav Republic of Macedonia Programme 2014 – 2020 with CCI Number 2014TC16I5CB006.

Страницата може да ја најдете на следниот линк: https://radiobum.com.mk/forum-4/.bum s